-->
-->
Mурињо кон Раниери: Те сменија но остануваат резултатите!
-->
Клаудио Раниери, во четвртокот, доби отказ на менаџерската позиција во Лестер, со кого пред неполни десет месеци го воодушеви фудбалскиот свет освојувајќи ја шампионската титула во Премиерлигата. Отказот на Раниери ја шокира јавноста во Англија, Италијанецот по социјалните мрежи добива поддршка од сите страни, а од пораките се издвојува онаа на Жозе Мурињо, кој во минатото не употребуваше убави зборови за колегата.
Жозе Мурињо, човек чие его „досега до небото“, во минатото немал премногу убаво мислење за човекот кого го наследи на клупата на Челзи пред 13 години.
Таа сезона, Португалецот, со тим кој во најголем дел беше селектиран од Раниери ја освои Премиерлигата, а за колегата Мурињо често знаеше да каже дека тој е „човек со нула титули“.
Вокабуларот Мурињо не го смени ниту кога се пресели во Италија, во редовите на Интер. Португалецот често коментираше работи кои беа поврзани со Јувентус и Раниери.
Веројатно и на Мурињо му стана јасно каков господин е Раниери, бидејќи Италијанецот на сите омаловажувачки коментари никогаш не му врати со иста мерка, напротив секогаш за Мурињо говорел со внимателно одбрани зборови.
Поради тоа Португалецот во последно време ги смени коментарите за господинот Раниери, а пораката со која му изразува поддршка на повозрасниот колега ја воодушеви Англија.
„Го сменија шампионот на Англија и најдобриот тренер во светот според ФИФА. Тоа е тој модерен фудбал. Главата горе мој пријателе, никој не може да ја избрише историјата која ја напиша минатата година“, напишал актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед на својот профил на Инстаграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра