Состојбата на Западниот Балкан тема на претстојниот Самит на ЕУ
Шефовите на држави или влади на членките на Европската унија на претстојниот Самит на Европскиот совет, што ќе се одржи на 9 и 10 март во Брисел, ќе разговараат и за „затегнатата состојба на Западниот Балкан“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, иако пролетниот Самит на Евросоветот редовно е посветен на економски теми, овојпат на предлог на неколку држави ќе се разговара за се поголемите тензии во балканскиот регион, чиј дел е и Македонија.
Токму долготрајната политичка криза што може да прерасне во меѓуетничка во Македонија, но и речиси идентичните проблеми во Косово, Босна и Херцеговина и Албанија, предизвикаа првите луѓе на Европската унија да разговарат за Западниот Балкан, со цел и да им дадат уште една поддршка на земјите од регионот за нивна европска перспектива.
Од тие причини, според информации од Брисел, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини идната недела ќе ги посета Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, по што треба да подготви извештај кој ќе им биде претставен на лидерите на ЕУ.
Со оглед на тоа што по референдумот за излез на Велика Британија е започнат процес на истпаување на Обединетото Кралство од ЕУ, овој Самит на Европскиот совет ќе започне со разговор со британската премиерка Тереза Меј, но по завршувањето на формалниот дел, останатите лидери на 27-те земји-членки на Унијата издвоено исто така ќе одлучуваат и за економските теми и за Западниот Балкан.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот