-->
-->
Раул: Цеље е добра екипа очекувам неизвесен натпревар
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар во сабота во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ја пречекува екипата на Цеље во натпревар од 12.коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по 11.коло беа на првата позиција на табелата, а по вчерашната победа на Рајн Некар Ловен над Мешков Брест германската екипа со натпревар повеќе е лидер во групата Б.
Во Вардар се подготвени за предизвикот што ги очекува и на денешниот прес најавија борба до нов триумф.
- Ние сме фаворити на овој натпревар, но Цеље е добра екипа и очекувам неизвесен и добар натпревар. До крајот на дуелите во групата имаме уште три натпревари. Воедно имаме добра шанса да го освоиме првото место во групата, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
Капитенот Стојанче Стоилов истакна:
- Против Цеље оваа сезона од три натпревари имаме три победи, но сматам дека нема да биде лесно, како што некои други очекуваат. Мора да ја искористиме секоја шанса и мораме да победуваме ако го сакаме првото место во групата.
На трите дуели на двата тима сезонава Вардар двапати победи како гостин 26:32 (Лига шампиони) и 29:40 (СЕХА лига) и еднаш како домаќин 33:31 (СЕХА лига). Словенечкиот шампион во Скопје ќе допатува со победа во регионалната лига (СЕХА) од 39:30 над Татран Прешов постигната вчера.
Натпреварот Вардар – Цеље се игра во сабота со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна