-->
-->
Лига Европа: Познати три осминафиналисти
-->

Екипите на Шалке, Манчестер Јунајтед и на Краснодар се првите три кои обезбедија пласман во осминафиналето од Лига Европа. На првите три ревнаш дуели овие екипи имаа подобар вкупен резултат од ривалите.
Шалке на домашен терен одигра нерешено 1:1 со ПАОК и со вкупни 4:1 го елиминира грчкиот тим. Фенербахче и Краснодар одиграа истотака 1:1, а во вкупниот резултат Краснодар беше подобар со 2:1. Единствено Манчестер Јунајтед оствари две победи откако и попалднево го совлада Сент Етиен со 1:0 или вкупни 4:0.
Другите реванш натпревари се играат утре, а двојките се:
17:00 Османлиспор – Олимпијакос (0-0 прв натпревар),
19:00 Зенит-Ст. Петерсбург – Андерлехт (0-2),
19:00 Рома – Виљареал (0-4),
19:00 Бешикташ - Хапоел Бир Шева (3-1),
19:00 АПОЕЛ - Атлетик Билбао (2-3),
19:00 Ајакс - Легија Варшава (0-0),
21:05 Копенхаген – Лудогорец (2-1),
21:05 Фиорентина - Борусија Менхенгладбах (1-0),
21:05 Генк - Астра (2-2),
21:05 Олимпик Лион - АЗ Алкмар (4-1),
21:05 Шахтјор Доњецк - Селта (1-0),
21:05 Спарта Прага – Ростов (0-4) и
21:05 Тотенхем – Гент (0-1).
Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи во петок во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
