Белата куќа негираше мобилизација на припадници на Националната гарда за приведуавње илегални имигранти
Белата куќа негираше денеска дека разгледува мобилизација на 100 илјади припадници од Националната гарда во 11 сојузни држави во САД кои би апселе илегални имигранти.
- Нема никакви напори за употреба на Националната гарда за приведување илегални имигранти, изјави Шон Спејсер, портпарол на Белата куќа.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува предлог за мобилизација на до 100 илјади припадници на Националната гарда, кои би апселе илегални имигранти, вклучително и милиони од нив кои не живеат ни близу границата со Мексико, јавија американски медиуми.
Тие се повикуваат на нацрт-меморандум од 11 страници во кој има повик за досега невидена милитаризација на сили, кои треба да се борат со имиграцијата и тоа на север до Портланд во Орегон и на исток до Њу Орлеанс во Луизијана.
Американски медиуми кои имале увид во документот, тврдат дека меморандумот го потпишал министерот за внатрешна безбедност Џон Кели.
Ново на Сител
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене