Тони Блер тргнува во мисија за промена на одлуката на Британците за Брегзит
Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе почне мисија за промена на одлуката на Британците за Брегзит.
Во текот на денешнипт ден тој ќе оддржи говор во кој ќе ги истакне аргументите дека напуштањето на Унијата е закана за иднината на Велика Британија, пренесоа британските медиуми.
Премиерката Тереза Меј изјави дека во март ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор и ќе го почне процесот за излез од ЕУ. Плановите се за конечен прекин со ЕУ, вклучувајќи го и излегувањето од заедничкиот европски пазар. Меј ги предупреди британските политичари да не го попречуваат Брегзитот.
Но, во рамки на своето прво политичко појавување по референдумот од јуни минатата година Блер денеска ќе повика на обединување на противниците на Брегзитот, изјавувајќи дека при изјаснувањето на референдумот не било доволно јасно што значи да се поддржи излезот, како и дека владата го фатила курсот кон „Брегзит по секоја цена“.
-Луѓето гласаа без да знаат какви се вистинските последици на Брегзитот. Со времето, меѓутоа, овие последици стануваат се појасни и затоа нивно право е да ја сменат својата одлука, ќе наведе Блер во својот говор пред проевропската организација „Отворена Велика Британија“.
„Нашата мисија е да ги убедиме тоа да го направат“, подвлече тој.
Блер, кој беше британски премиер од 1997 до 2007 година, уште ќе каже дека меѓу ризиците кои ги крие излезот од ЕУ, е и прашањето за распад на Велика Британија, кој, според него, „повторно е на маса“.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина