НАТО го зголемува своето присуство во Црното Море

Министрите за одбрана од земјите - членки на НАТО денеска одлучија да биде зголемено присуството на Алијансата во Црното Море, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Пактот Јенс Столтенберг.
Одговарајќи на прашања, тој појасни дека поголемото присуство на НАТО ќе значи и поголем број воени вежби и други активности на сојузниците, јави бугарската новинска агенција БТА.
- Сето тоа е во согласност со меѓународните стандарди и обврски кои сме ги презеле. Одлуката има одбранбен карактер. На ниеден начин ова не цели кон предизвикување судири или затегнување на односите, туку тоа го налага актуелната ситуација, нагласи генералниот секретар.
- Не сакаме нова студена војна, сакаме дијалог со Русија заснован на принципи. Неопходно е почитување на територијалната целовитост на државите во Европа, истакна Столтенберг, дополнувајќи дека цел на Алијансата се поконструктивни односи со Москва.
Генералниот секретар ја оквалификува вчерашната изјава на министерот за одбрана на САД Џејмс Матис за зголемувањето на воените трошоци во Алијансата како „цврсто порака" што сите други министри ја разбрале и поддржале.
- Американските даночни обврзници веќе не можат да даваат нерамномерен удел во одбрана на западните вредности, им порача вчера Матис на колегите во седиштето на НАТО во Брисел.
Тој наведе дека САД ќе ги исполнат своите обврски, но сојузниците од НАТО мора да дадат поддршка за заедничката одбрана „доколку не сакаат САД да ја намали својата посветеност на Алијансата“.
- Оваа порака ја одразува политичката реалност во САД, истакна Столтенберг. Членот 5 од Вашингтонскиот договор е безусловен, тој е суштината на Алијансата, додаде генералниот секретар.
Столтенберг говореше и за мерките на кибер заштита во државите од Алијансата. Тој појасни дека министрите за одбрана утрово донеле решенија за дополнително зајакнување на кибер заштитата на земјите од Пактот и на Силите за брза реакција.
Што се однесува на распоредувањето војска во Полска, Столтенберг потенцираше дека испраќањето на НАТО војници во оваа и во балтичките држави е „јасен знак кон секој потенцијален агресор".
- Нема да се натпреваруваме со Русија - тенк против тенк и војник против војник. Целта не е да провоцираме, туку да спречиме конфликт, појасни генералниот секретар на Алијансата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
