Во воздушен напад кај Сана убиени осум жени и едно дете
Во воздушен напад изведен во текот на изминатата ноќ во Јемен убиени се осум жени и едно дете. Нападот бил изведен во зона под контрола на бунтовниците, во непосредна близина на јеменската престолнина Сана, соопштија медицински извори, цитирани од француските медиуми.
Шиитските бунтовници Хуси, кои ја зазедоа Сана и поголем дел од северен Јемен, ја обвинија арапската коалиција, не чело со саудиска Арабија, дека сноси одговорност за нападот во кој се ранети уште 10 жени.
Портпаролот на коалицијата не беше расположен да ги коментира обвинувањата, забележаа француските медиуми.
Според медицинските извори, по нападот врз селото Шарах, на 40 километри северно од Сана, жртвите биле префрени во болниците низ главниот град.
Агенцијата Саба, која е под контрола на бунтовниците, соопшти дека нападот бил насочен врз куќата на Мохамед ал Наки, во која се оддржувал помен.
Арапската коалиција, која со воената интервенција ги поддржува јеменските сили, лојални на претседателот во егзил Абд Рабу Мансур Хади, повеќепати е обвинувана за грешки кои предзвикаа жртви меѓу цивили, по што ветуваше дека ќе ги вложи сите свои напори за спречување на вакви и слични инциденти.
Од март 2015 година, кога коалицијата се вмеша во конфликтот во Јемен, со намера да и помогне на власта против бунтот, убиени се над 7.400 лица и над 40.000 се ранети, а земјата е зафатена од тешка хуманитарна криза, посочуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
-
Претрес во Куманово, приведено едно лице
-
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
-
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот
-
Се преврте автомобил на скопска обиколница | ФОТО