Комесарот за човекови права на Советот на Европа ја повика Турција „итно да го смени курсот“
Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс ги повика турските лидери „итно да го променат курост“ и да го прекинат нарушувањето на слободата на медиумите и на владеењето на правото, изразувајќи загриженост за демократијата во земјата.
Повикот е упатен поради претстојниот референдум што ќе се одржи во април, а се однесува на уставни промени, што предвидуваат преминување кон претседателски систем на управување.
Критичарите за референдумот стравуваат оти тој ќе доведе до концентирање на прекумерна власт во рацете на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Муижниекс посочи во соопштението, што беше објавено денеска дека досегашната вознемирувачка состојба на медиумските слободи и слободата на изразувањето во Турција, достигнала до „сериозно загрижувачко“ ниво по воведувањето на вонредна состојба бо обидот за преврат.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа исто така изрази загриженост во врска со уставните промени што ќе бидат гласани на референдумот, посочувајќи дека тие „предвидуваат значително намалување на автономијата на турското судство кон извршната и законодавната власт“.
Муижниекс ја критикуваше и широката дефиниција на Турција за тероризам и терористичка пропаганда, како и испраќањето во затвор на десетици новинари, поткопувањето на независноста на судството, широката употреба на законот за клевета со цел замолчување на противниците, цензурата на Интернетот и користењето на државни средства за помагање на провладините медиуми.
- Комесарот ги повика турските политички лидери да го променат курсот и да започнат да го одделуваат она што е терористичко дејствие од критиката на несогласувањето и да покажат одговорност и толерантност, како што се очекува во едно демократско општество, стои во соопштението.
Во моментов нема одговор од Анкара за соопштението, кое според Советот на Европа било претставено на турската Влада пред да биде објавено.
Муизниекс истакна дека обидот за преврат и терористичките закани не можат да ги оправдаат „мерките, кои ја нарушуваат слободата на медиумите и отстапуваат од владеењето на правото до таков степен“.
Над 41.000 лица беа упасени во Турција, а над 100.000 беа отпуштени или отстранети од должност, вклучително професори, полицајци, судии, новинари, во рамките на чистката по обидот за преврат.
Освен тоа стотици медиуми и граѓански здруженија беа затворени, а скоро 150 новинари и десетици прокурдски пратеници беа испратени во затвор.
Соопштението се однесува на посетата на Муижниекс во Турција во април и септември 2016 година.
Ново на Сител
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба
-
РЕК Битола: Присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава, работиме на нејзино минимизирање
-
Украдени се две бронзени бисти на гробиштата во „Бутел“
-
Со фалсификат документи „аудито“ на вонбрачната партнерка го регистрирал на негово име