-->
-->
Турски офицери добија 18-месечно право на престој во Холандија по барањето за азил
-->
Холандија им дозволи право на престој од 18 месеци на група турски офицери, кои побараа политички азил во земјата по обидот за воен удар на 15 јули минатата година.
Холандската Служба за имиграција и натурализација донела одлука турските офицери и нивните семејства да останат во земајата во периодот неопходен за разгледување на нивните молби за азил.
Но, не е соопштено за колкав број на турски офицери ќе важи мерката.
Анкара бара извесен број турски офицери именувани во Европа да се вратат во Турција, но тие одбиваат бидејќи стравуваат дека ќе бидат судски гонети.
Турските власти за пучот ја обвиннуваат Фетулистичката терористичка организација на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш