Фудбал
13. February 2017 - 10:32

Севилја го победи Лас Палмас

Значајни победи викендов во Шпанија забележаа Севилја над Лас Палмас и Спортинг над Легањес.

Севилја е трета на табелата со 46 бодови, а тимот на Санпаоли 14-та сезонска победа ја забележа над Лас Палмас, на теренот каде последен пат победила пред 50 години.

Единствниот гол го постигна Хоакин Кореа во 80.минута.

Во дербито на дното Легањес загуби од Спортинг 2:0. Роберто Канеља во 66-та и Хорхе Франко Алвис во 83-та минута ги постигнаа головите.