Балкан
12. February 2017 - 15:17

Ердоган: Цел ни е „чистење“ на 5.000 км2 во Сирија

Главна цел на турскиот упад во Сирија не е само преземање контрола над градот Ал Баб од Исламска држава, туку и „чистење“ на областа од џихадистите, вклучувајќи го и градот Рака, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

- Конечна цел е чистење 5000 километри квадратни во Сирија, изјави Ердоган на прес-конференцијата пред неговото заминување во официјална посета на Бахреин, Саудиска Арабија и Катар.

Тој прецизира дека турските сили немаат намера да останат во Сирија по процесот на чистење на територијата од Исламска држава и Курдите, пренесува Танјуг.