Груевски: Граѓаните го препознаа мешањето на дипломати и странски држави

Нема граѓанин што не го препозна тоа дека одредени дипломатии и одредени држави се обидуваа со сите сили да и помогнат на СДСМ да биде попосакувана од македонските гласачи, а ВМРО-ДПМНЕ да биде што пооцрнета и ставена во што понепријатна ситуација, граѓаните да почнат да размислуваат поинаку, да гледаат на ВМРО со други очи и тоа беше видливо, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју на ТВ НОВА.
„Велиме дека изборите беа фер, чисти, демократски и слободни, но не можеме да го изоставиме делот дека државата две години беше под тешка пресија, а ние како владејачка партија под уште потешка пресија од надворешни фактори. СДСМ на овие избори извади многу пари. Тоа се не е прикажано во нивните извештаи. Беше видливо дека потрошија многу повеќе пари од ВМРО, иако тоа не се рефлектира во извештаите, изгледа дека ние сме потрошиле повеќе пари. Времето ќе покаже од каде се тие средства и ништо нема да остане скриено. После тој двегодишен период на организирано торпедирање на ВМРО-ДПМНЕ од сите страни, организирана хајка против ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство, организирана криза во земјата, не беше случајна. Оваа криза и беше наметната на земјата, долго подготвувана и СДСМ немаа ни 1% капацитет самите да организираат таква криза, тие беа инструмент во целата ситуација“, заклучи Груевски.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
