Сириски опозициски сили со турска поддршка влегоа во северниот град Ал Баб
Сириски опозициски милиции со поддршка на турски војници и авијација влегоа во северниот сириски град Ал Баб, тврдина на џихадистите од „Исламска држава", пренесува БТА.
Поддржаната од Турција - милиција Ахрар ал Шам соопшти на Твитер дека турските и бунтовничките сили навлегле во југозападните региони на градот, каде што во моментов се водат жестоки борби. Бунтовниците објавија фотографија на која се гледаат нивни борци пред влезот на болницата „Хикма".
Сирискиот центар за набљудување на човековите права, исто така соопшти дека болницата е преземена од џихадистите, како и спортски комплекс и магацини за житарки.
Турски сили и авијација исто така учествуваат во офанзивата кон Ал Баб наречена операција „Еуфратски штит". Тие брзаат да го заземат градот пред пристигнувањето на сириските владини сили, кои се на околу 1,5 километри од Ал Баб.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот