Рекорден број напади на екстремната десница врз германски политичари
Во 2016 година преку 140 германски политичари биле жртви на напади од крајнно десничарски активисти. Најголем дел од нападнатите се левичарски политичари но екстремната десница ги таргетира и умерените десничари од владеачката партија ЦДУ на Ангела Меркел.
Германската полиција лани забележала 142 пријави за насилство против политички претставници од страна на екстремната десница , што е германски рекорд се вели во владиниот одговор на пратеничко прашање на претставничката на на партијата „Линке“ Мартина Ренер. Зголемениот број напади се должи пред се на вжештената дебата за приемот на бегалците од Сирија и другите азиски и африкански земји, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Нападите се различни, од физичко насилство, ненасилни инциденти, напади на канцеларии, пишување на нацистички симболи, вметнување на фекалии во поштенски сандачиња на политичари се до напади на социјалните мрежи или таканаречено „тролање“. Најчеста жртва на нападите на екстремните десничари се политичари кои што се залагаат за пробегалски политики или кои што се активни во критикување на неонацистички екстремизам.
Според пратеничката на „Линке“ голема заслуга за растот на насилството врз политичарите има партијата „Алтернатива за Германија“ која што со своите политики против странците, муслиманите и бегалците директно ги стимулира крајните десничари да ги напаѓаат умерените најчесто левичарски политичари. Најголем број напади се извршени на членови на Линке 59 а на второ место се политичари на ЦДУ со 35. Меѓу 2010 и 2016 екстремната десница извршила речиси 700 регистрирани напади врз умерени германски политичари.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација