-->
-->
Атлетико е голем клуб, Гризман останува во Мадрид
-->

Антоан Гризман нема по завршувањето на сезоната да го напушти Атлетико и да се пресели во Манчестер Јунајтед, тврди претседателот на мадридскиот клуб Енрике Сересо.
Најдобриот играч и стрелец на Атлетико, Антоан Гризман, се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а медиумите шпекулираат дека англискиот клуб е подготвен да ја плати откупната клаузула од 85 милиони евра.
Со овоие шпекулации не се согласува претседателот на клубот, Сересо, кој за радиото Кадена Копе, реколо дека Гризман уште долги години ќе игра во Атлетико.
„Манчестер Јунајтед? Тоа е мал клуб“, низ смеа го започнал одговорот на прашањето за иднината на Гризман, Енрике Сересо.
„Верувам во луѓето кои неодамна потпишаа нови договори, како Гризман и тренерот Диего Симеоне. Антоан е одличен фудбалер кој го сака Атлетико“, дополнил Сересо.
Гризман, најдобриот играч и стрелец на европското првенство, пред почетокот на сезоната потпиша нов договор со Атлетико до 2021 година.
Францускиот репрезентативец и оваа сезона е најпродуктивниот фудбалер на Атлетико, тој има постигнато 15 голови во сите натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
