Трамп нареди преразгледување на актите за финансиска регулација

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша два укази со кои се наредува преразгледување на нормативните акти за финасиска регулација, усвоени по избувнувањето на глобланата криза во 2008 година, а пред се на законот „Дод-Френк“ за реформа на Волстрит.
Законот „Дод-Френк“, кој е на 2.300 страници, го одобри претходникот на Трамп, Барак Обама во 2010 година. Со него големите американски банки се обвзруваат секоја година да спроведат т.н. стрес тест, со цел да се провери нивната стабилност во случај на нова финансиска криза.
Законот исто така ги обврзува банките да ги зголемат своите резерви на капитал, со цел да можат полесно да се справуваат со кризи.
Целта на овој закон, кој е именуван по неговите иницијатори - сенаторот Крис Дод и конгресменот Барни Френк, беше да се намалат ризиците по американскиот банкарски систем и со него беше извршена најголема финансиска регулација уште од времето на Големата депресија во 30-те години на минатиот век.
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
