Свет
3. February 2017 - 15:57

Направила незапаметен злочин - Мајка на 13 годишно момче конечно фатена

Судот во Нови Сад и одреди притвор од 30 дена на 49-годишната Д.Ј. мајка на момчето кое запали бездомник, настан кој ја потресе не само Србија, туку и регионот. 
 
Несреќниот 64-годишен Драгутин кој беше запален за жал почина од тешките изгореници и повреди. Мајката била конечно приведена откако два месеци се криела со синот.
 
Таа последен пат била видена една недела пред инцидентот, а потоа постојано ја менуваше адресата.
 
С.Н. во друштво на 13-годишно момче, без никаков повод и причина запали бездомник на улица. Итната помош брзо реагирала и го одвела на Ургентен, но за жал тој сепак почина.