По протестите во Букурешт притворени 79 лица, повредени осум жандарми и четворица демонстранти
Романската полиција, синоќа, по насилните протести на Плоштадот на победата во Букурешт, на сослушување привела седумдесет и девет лица, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на силите на редот.
Министерката за внатрешни работи Кармен Дан денеска соопшти дека на приведените им биле покренати обвиненија за напад врз лица на должност и за нарушување на јвниот ред и мир. Имало и еден случај на поседување наркотици. Министерката, исто така, соопшти дека се изречени и пет парични казни, пренесува БТА.
Во синоќешниот протест повредени се осум жандарми, а тројца од нив биле однесени во болница. Четворица демонстранти, исто така, биле повредени, од кои двајца биле однесени во болница, но за ниту еден од нив немало потреба од стационарно лекување.
Министерката Дан потврди дека тројца од приведените се членови на фудбалска навивачка група.
Во врска со размената на оперативни информации меѓу Романската служба за разузнавање и МВР, Дан изјави дека не добила информации за евентуални намерни провокации за време на протестот.
Кармен Дан изјави дека синоќа, за време на протестите, државниот секретар Виорел Штефу и началникот на полицијата Богдан Деспеску добиле СМС пораки од офицер од разузнавањето дека е можно на протестот да присуствуваат некои лица и активисти кои постојано учествуваат во вакви протести, како и некои членови на навивачки групи. Според неа, податоците од СМС пораките не сигнализирале ризик за нарушување на јавниот ред и намери за провокации
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило