Наскоро нова фасада на општинската зграда во Кочани

Во Програмата за изградба и асфалтирање на улици во градот и населените места во општина Кочани најавено е асфалтирање на три улици од кои една во Кочани и две во населбата Оризари.
- Се работи за асфалтирање на улиците „Карпошево востание“ во Кочани, како и „Асном“ и „Гоце Делчев“ во населбата Оризари. За оваа намена ќе бидат потрошени 4,6 милиони денари, средства кои на општината и останаа по асфалтирањето на десетте улици во градот минатата година. Средствата беа обезбедени од Светска банка и делот што преостана најрационално ќе биде искористен, изјави градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.
Тој информираше и за проектот на Источниот плански регион за користење средства од ИПА програмата за прекугранична соработка, што ќе го спроведуваат општина Кочани и општина Благоевград од Република Бугарија.
- Со овој проект ќе се добие нова фасада на општинската зграда, ќе биде замненет покривот, доградено поткровје, замена на прозорците и вратите, а ќе се изгради и пристапен лифт за инвалидизираните лица. Со ова ќе се добие енергетски ефикасна зграда, истакна Димитровски.
Според него, наредната недела ќе биде распишан повик за јавна набавка, а во април ќе биде склучен договорот за изведување на работите. Реновирањето и доградбата на општинската зграда во Кочани се очекува да се реализира за неполна година.
Општината од сопствениот буџет за 2017 година веќе издвои средства за реконструкција на електричната, водоводната и канализациската инсталација, кои се стари над педесетина години.
Ново на Сител
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
