Живот
1. February 2017 - 15:47

Фатен на дело: Перверзен лекар допирал пацентка со гениталиите додека спиела

Докторот Хавиер Маурисио Куба е снимен како со пенисот ја допира по лице заспаната пациентка.

Се се случило во Американската клиника во Трухила во Перу на 26 јануари, а шест медицински сестри и двајца техничари кои работеле со докторот  во смена не пријавиле ништо необично.

Но перверзниот доктор бил снимен со мобилен телефон од страна на семејството на пациентката, а на снимката убаво се гледа дека тој сфатил дека е снимен, по што се завртел и си заминал.

Се се случило во чекалната пред просториите за итни интервенции.

 

Докторот Куба, кој на оваа клиника работи 8 месеци, му се извини на семејството и даде отказ.

Директорот на клиниката рече дека против болниот доктор нема да поднесе никаква пријава.

„Ние како институција, исто така се извинуваме и ветуваме дека вакви работи повеќе нема да се случуваат, рече директорот.