Адаптивните, едноставни мерки - најдобра заштита од климатските промени

Одржливо производство, правилен избор на сорти, внесување органска материја во почвата, фертиригација, се само некои од мерките за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Како што велат експертите, мерките за превенција и заштита треба да ги креираат производителите зашто тие се директно соочени со последиците од климатските промени, а примената мора да почне најпрво на локално ниво.
Најдобро, според научни истражувања, е да се користи пристапот „од долу – нагоре“ што подразбира локалните актери сами да ги осмислуваат стратегиите и да ги адаптираат активностите за заштита зашто токму тие се најблиску до проблемот, а тоа значи и најблиску до решението.
Последните истражувања покажуваат дека наједноставните мерки даваат најдобар резултат, но независно дали станува збор за градинарство, лозарство, поледелство, овоштарство, сточарство,..., клучна е соработката, кооперацијата на фармерите со стручњаците и институциите. Треба да постои партнерство и интегрираност.
Климатските промени се веќе реалност и еден од најголемите предизвици со кои се соочува нашата генерација. Предизвикуваат сериозни еколошки и социјални последици. Ова мора да го земеме предвид особено, како што истакнуваат експертите, зашто во Македонија речиси половина од руралното население е економски зависно од земјоделското производство и со примена на практични адаптивни методи приходот може да се зголеми и за преку 60 отсто.
Експертите порачуваат употреба на заштитни УВ-мрежи, соодветна резидба, мулчирање, соодветни објекти за чување добиток со доволно светлина и провев,...,а одржливото производство е исклучително важно зашто подразбира сигурен, квалитетен, стандардизиран принос и поголем профит.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
