Боб Фергусон, прв обвинител кој покренува тужба против Трамп

Државниот обвинител на американската држава Вашингтон, Боб Фергусон најави дека ќе го тужи американскиот претседател, Доналд Трамп поради указот за контрола на миграцијата.
Фергусот е првиот државен обвинител кој најави законска постапка против администрацијата на Трамп, поради една од нејзините одлуки.
Тој беше меѓу 16-те државни обвинители, кои вчера оценија дека одлуката на Трамп е „неамериканска и незаконска“.
Трамп во петокот потпиша указ за миграцијата, со кој на три месеци се забранува влез во земјата на државјани на седум претежно муслимански земји, Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија и на четири месеци се замрзнува програмата за прием на бегалци, додека на сириските бегалци влезот им е забранет на неодредено време.
Трамп ова одлука ја образложи со намерата да го спречи влезот на радикалните исламски терористи во САД.
Државните обвинителства на 15 сојузни држави и на округот Колумбија издадоа заедничко соопштение, во кое нагласија дека указот за миграција е неуставен и бараат негово повлекување.
Трамп поради ова ја смени в.д. државната обвинителка Сели Јејтс, која исто така се спротивстави на неговиот указ и им наложи на правниците на Министерството за правда да не го бранат пред судовите. На нејзино место привремено е поставен Дејна Бенте, кој вети дека ќе го брани указот, нагласувајќи дека тој е законски и формулиран на одреден начин.
Бенте на местото в.д. државен обвинител ќе остане до конечното именување на Трамп на кандидат за државен обвинител, односно во американскиот систем, министер за правда. На функцијата ќе биде именуван сенаторот од Алабама, Џеф Сешнс, кој треба да ја мине сенатската проверка.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
