ЕУ ќе се погрижи Европејците да не бидат погоодени од извршната наредба на Трамп
Европската Унија ќе обезбеди нејзините граѓани да не бидат погодени од „дискриминацијата од кој било вид“, предизвикана од наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД на државјаните од седум мнозинско муслимански земји, соопшти денеска Европската комисија.
- Нашите адвокати се во контакт со нашите ЕУ партнери и другите, и секако дека ќе се погрижиме да нема дискриминација кон нашите граѓани, изјави на прес-конференција портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.
Британските медиуми наведуваат дека Шинас кажал дека ЕУ ја анализира наредбата на американскиот претседател за да се утврди дали оваа мерка ќе ги погоди и Европејците.
Шинас наведе дека ЕУ добива „различни сигнали“ за тоа дали оваа забрана ќе влијае врз граѓаните на Унијата со двојно државјанство од погодените земји.
Коментирајќи го потегот на Трамп, Шинас рече дека ЕУ не прави дискриминација врз основа на раса, националност или вера меѓу луѓето кои доаѓаат на територијата на Унијата.
Американскиот претседател во петокот ја донесе извршната наредба за имиграција со која на државјаните од седум земји - Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија - во следните три месеци нема да им се издаваат визи, додека сириските бегалци добија забранет влез во САД на неодредено време.
Трамп наредбата ја образложи со неговата желба да ги спречи „радикалните исламски терористи“ да влезат во САД.
Оваа одлука, меѓутоа, предизвика бурни реакции и протести ширум САД.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица