Денеска се Чесни вериги, ако не го одбележите празникот како што треба ќе ве следи голема несреќа
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари.
Денеска е Св. апостол Петар.
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.
Според народното верување од Чесните вериги настанува поблаго време, зошто Бог со вжештените вериги почнува да ја загрева земјата. Во многу места, Вериги се сметаат за голем празник.
Порадно на Косово Веригите ги празнувале поради чумата, а столарите поради стоката. Исто така кој носел облека сошиена на Чесни вериги, се верува дека ќе загине од гром.
Иако не е обележан со црвени букви во календарот, Чесните вериги спаѓаат меѓу десетте најголеми слави.
Овој празник го одбележуваат дури и оние на кои не им е слава, зошто се смета за лоша среќа ако не се прослави денот кој означува врзување за куќата и благосостојба на сите во домаќинството.
Ново на Сител
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Изгаснат пожарот што избувна во Кочани
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
-
Брзата интервенција на пожарникарите спречи катастрофа во Кочани | ВИДЕО