-->
-->
БИБЛ: Триумф на Карпош Соколи над Фени Индустри
-->

Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа и петтата победа во БИБЛ лигата откако во дуел од 10.коло од Б групата ја совладаа екипата на Фени Индустри со 79:63 (16:13; 22:25; 20:11 и 21:14).
На полувреме резултатот беше нерешен 38:38, а во вториот дел домашната екипа беше подобра. Бојан Трајковски од Карпош Соколи со 25 поени беше најефикасен на натпреварот.
На вториот натпревар од оваа група одигран денеска Пеќ ја победи Тирана со 96:72.
Табела Б група: Пеќ 7-3 (победи-порази), Фени Индустри 6-4, Карпош Соколи 5-5,Сутјеска 5-4, Трепча 4-5, Тирана 3-7.
Последниот натпревар од првата фаза од БИБЛ лигата се игра утре меѓу Сутјеска и Трепча.
И двете македонски екипи (Карпош Соколи и Фени Индустри) од оваа група, како и Куманово и Кожув од групата А ги продолжуваат натпреварите во следната фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
