Сенаторите Мекејн и Грејем сепак го поддржуваат Тилерсон

Шансите на поранешниот директор на „Ексон мобајл“, Рекс Тилерсон да стане американски државен секретар се зголемија, откако двајца влијателни републикански сенатори, Џон Мекејн и Линдзи Грејем, кои претходно се противеа на неговото именување, сепак одлучија да го поддржат.
- Иако се уште имаме причина за загриженост во врска со неговата работа со руската Влада и претседателот Владимир Путин, веруваме дека Тилерсон може да биде ефикасен застапник на американсите интереси, наведоа Мекеј и Грејем.
Мејек и Грејем и републиканскиот сенатор Марк Рубио, како и повеќе сенатори од Демократската партија го поставија изминатите денови прашањето дали Тилерсон има судир на интереси и дали може да ја застапува американската политика во странство.
Како директор на „Ексон мобајл“ Тилерсон ги критикуваше американските санкции против Русија по анексијата на Крим во 2014 година. Казните поради овие санкции компанијата ја чина повеќе стотици милиони долари.
Мекеј и Грејем својата одлука за поддршка ја најавија пред гласањето во Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот, кој треба да му даде препорака на Горниот дом да го поддржи именувањето на Тилерсон. Тие двајца не се членови на овој Одбор, но со ова му испратија порака на Марк Рубио.
Сенатот моменто има 52 републиканци и 48 демократи.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
