Де Мистура оптимист за преговорите за Сирија во Астана
Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура изјави дека е оптимист во однос денешните преговори за Сирија во Астана, јави ТАСС.
Преговорите продолжувата и утре. Делегацијата на сириската опозиција на преговорите објави дека во Астана ќе се посвети само на начините за зачувување на кусиот прекин на огнот во Сирија, договорен со помош на Русија и Турција и нарушуван, според неа, претежно од милициите во Сирија, кои се поддржани од Иран,
- Нема да навлегуваме во никакви политички дискусии и нема да се ангажираме со ништо, со што ќе ги замениме прашањата за зачувување на прекинот на огнот и за хуманитарните размери на кризата, за олеснувањето на страдањата на Сиријците, кои се под опсада, ослободување на задржани лица и доставката на помош, изјави Јахја ал Ариси, портпарол на делегацијата на сириската опозиција.
- Сирискиот режим има интерес да го оттргне вниманието од тие прашања. Ако сирискиот режим смета дека нашето присуство во Астана значи дека ние се предаваме, тоа е само илузија, која си ја создава, додаде опозицискиот претставник.
Во меѓувреме казахстанскиот заменик-министер за надворешни работи Роман Василенко изјави дека делегацијата на сириската опозиција доаѓа на преговори во Астана без заедничка платформа и дури без заедничко раководство.
- Во состав на делегацијата влегуваат неколку групации, а шеф на делегацијата нема. Секоја групација ги застапување своите позиции, додаде тој.
Василенко појасни дека во состав на делегацијата на сириската опозиција влегуваат претставници од околу 15 различни групации.
Тој појасни дека се уште се разгледува форматот на средбата во Астана и додаде дека наскоро ќе биде познато дали ќе има директна средба меѓу делегацијата на Дамаск и на сириската вооружена опозиција.
Во меѓувреме анонимен извор близок до организацијата на преговорите изјави дека на официјалното отворање на разговорите заега не е планирано учество на делегациите на сириската Влада и опозицијата.
- Се уште не е јасно дали на отворањето на преговорите ќе учествуваат претставници на сите седум страни, односно делегаците на Владата и на опозицијата, рече изворот, јави ТАСС.
Во преговорите во Астана, кои треба да почнат денеска се вклучени седум страни, сириската Влада, сириската опозиција, Русија, Турција и Иран како гаранти за примирјето, специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и американскиот амбасадор во Казахстан Џорџ Крол, како набљудувач.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици