-->
-->
Поради нив звучите непристојно - Овие зборови престанете да ги користите
-->
Некогаш е доволно да промените само еден збор и вашата комуникација ќе биде потполно поинаква, а сигурно не сте помислиле дека употребата на овие три збора може да направат да звучите непристојно.
Ние ви откриваме три зборови, кои веројатно постојано ги користите, а можеби не сте свесни колку делувате непристојно поради нив, пишува „Бизнис инсајдер“.
Пробајте да престанете да ги користите и заменете ги со подобри.
Всушност
Кога го користите зборот всушност, посебно во комуникација преку електронска пошта, тоа другата страна најчесто го толкува како да ги поправате. Не треба да ви објаснуваме дека луѓето не сакаат кога некој ги поправа… Бизнис инсајдер предлага да ги прегледате мејловите кои сте ги пратиле неодамна и да проверите и самите: дали со овој збор сте се обиделе на некого да му порачате дека греши?
Sorry
Се почесто го користиме овој англиски збор, па кога на некого сакаме да се извиниме, најчесто наместо извини, бираме сори и идеме понатаму. За жал, ова sorry го намалува нашето извинување, па затоа кажете извини или се извинувам, пишува „Радиосараево“.
Јас
Најдобро и најсигурно, тврдат експертите е ако од секојдневната комуникација, посебно таа која е поврзана за работата, не користите изрази кои се однесуваат на вас. Многу е подобро да користите изрази како ние, тимот или компанијата. Така ќе го потенцирате значењето на својата фирма, а вашата комуникација ќе има подобар ефект.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа