Во 18 сообраќајки во Скопје еден пешак потешко повреден

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 18 сообраќајни незгоди, од кои во една со потешки телесни повреди се здобил еден пешак, во пет полесно се повредени 11 лица, а во 12 сообраќајки поминале само со причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција во средата изврши увид на 10 сообраќајни незгоди. Во три од нив со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а седум се со причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Во една сообраќајка со потешки и со полесни телесни повреди се здобиле двајца пешаци, во две со полесни повреди се здобиле четири лица и пет се со материјална штета.
Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои помионале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи го управувале возилото нерегистрирано, како и девет возачи не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 38 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие два дена отстранети се 53 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-

СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот
-

ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација
-

Ѓорѓиевски: Рекордна реализација на капитални инвестиции во првиот квартал на 2026 година
-

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал
-

Запрена постапката за набавката на мазут
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
