-->
-->
Во Истанбул има 50.000 згради што може да се урнат, тврди турскиот министер за градежништво
-->

Во Истанбул има 50.000 згради што се во голема опасност да се урнат, соопшти турскиот министер за животна средина и градежништво, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Министерот Мехмет Јозхасеки изјави дека потенцијален земјотрес ќе претставува сериозна закана за зградите.
- Ако се има предвид дека последниот голем земјотрес во Истанбул беше пред 17 години, веројатноста за нов потрес се зголемува со секој изминат ден, додаде министерот.
Изјавата на Јозхасеки доаѓа само неколку дена откако две лица загинаа, а 17 беа повредени, кога во еден кварт на Истанбул се урна шесткатна напуштена станбена зграда.
Министерот за градежништво, исто така, посочи дека проблемите во Истанбул се резултат и на фактот дека градот не бил подготвен за бранот мигранти, кои дојдоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините
-

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година
-

Без струја село Јаболци и Горно Нерези
-

САД и Украина се договорија за изменет нацрт на мировниот план, Рубио оптимист
-

Министерката Јаневска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032
-

Почнува ноемвриската пленарна сесија на Европарламентот
-

Тројца убиени, 15 повредени во руски напади со дронови врз Харков
-

Сојузникот на Додик, Каран, победи на претседателските избори во Република Српска
