Во Париз воведен систем на задолжителна ознака за возилото во зависност колку загадува
Од денеска сите моторни превозни средства во Париз, дури и тие со странски регистерски таблички, ќе треба да имаат ознака (вињета/налепница) со различна боја во зависност од тоа колку моторното возило загадува.
Париз е првиот град во Франција каде се воведува таква мерка за борба против загадувањето. Целта е да се запре движењето на автомобилите што најмногу загадуваат.
Бојата варира од зелена (нулта емисија на штетни гасови) преку виолетова боја (Еуро 5/6) до сива (Евро 2 дизел). Париз постави цел да се намали за половина бројот на автомобили и да забрани користење дизел возила до 2020 година.
Во „пиковите“ на загадување се воведува диференцирано движење – автомобилите што најмногу загадуваат остануваат во гаражи, а останатите ќе може да се движат. Министерството за заштита на животната средина побарало 2,5 милиони вињети, а казните се меѓу 68 и 135 евра. Во Париз секој ден се движат околу 600.000 моторни превозни средства.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија