-->
-->
Рели Дакар: 13-ти триумф за Петерхансел
-->
Француска доминација на релито Дакар кое што се возеше низ земјите во Јужна Америка. Последната етапа донесе драматична завршница во која Себастијан Леб однесе недоволна победа со 19 секунди предност со што не успеа да го мине водечкиот во генералниот пласман Стефан Петерхансел кој триумфираше по 13-ти пат на престижната трка што е апсолутен рекорд ако се знае дека 6 титули му се со мотоцикл а 7 со автомобил.
Интересно е што и Леб и Петерхансел имаат по 4 етапни победи но Леб беше послаб вкупно за 5,13 минути зад победникот и клубски колега. Третото место му припадна на третиот пилот на Пежо Сирил Депре.
Пежо доминираше вкупно освојувајќи ги сите возени етапи со исклучок на првата.
Кај мотоциклистите доминација на тимот на КТМ. Сем Сандерленд го освои првото место пред Австриецот Валкнер и Шпанецот Фарес Гуел.
Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи во Буенос Аирес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово