Балкан
13. January 2017 - 16:46

Крвава драма: Таткото се вратил дома пијан, почнал да ја злоставува мајката, па синот земал...

Малолетник од Босна се пријавил дека вчера во семејната куќа повеќе пати со кујнски нож го избодел својот татко и му нанел повреди. Семејната драма се одвивала околу еден час пред полноќ, а момчето раскажало како неговиот 49-годишен татко во алкохолозирана состојба физички ја малтретирал него и неговата мајка.

Покрај тоа, таткото и синот се степале, па малолетникот во еден момент го земал кујнскиот нож и му нанел неколку повреди на својот татко.

pokusaj-ubistva (1)

Веднаш по пријавата, на местото дошла полицијата, но и Итна помош, со возило е пренесен таткото,докторите констатирале дека таткото има тешки телесни повреди, и е задржан во болница.