-->
-->
Успешна рунда за црногорските екипи во АБА лигата
-->
Претставниците на Црна Гора во регионалната кошаркарска АБА лига, екипите на Морнар и на Будуќност забележаа победи во 17.коло над своите ривали од Словенија.
Морнар синоќа на домашен терен ја совлада Олимпија со убедливи 23 поени разлика, додека Будуќност беше поуспешна од Крка на гостувањето во Ново Место.
Резултати на петте завршени натпревари од 17.коло:
Задар – Цедевита 80:94,
Партизан – Карпош Соколи 76:72,
Цибона – МЗТ Скопје Аеродром 87:79,
Крка – Будуќност 67:75 и
Морнар – Олимпија 93:70.
Вечер (18 часот) играат Мега и Црвена звезда, а колото ќе се комплетира утре со дуелот Игокеа – ФМП.
Табела: Црвена звезда 16-0 (победи-порази), партизан 14-3, Цедевита 12-5, Будуќност 12-5, Цибона 11-6, Игокеа 9-7, Олимпија 7-10, Морнар 6-11, Задар 6-11, Карпош Соколи 5-12, Крка 5-12, Мега Лекс 5-11, ФМП 5-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-13
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија