Почина познат македонски истражувач на македонската култура и уметност
Вчера почина проф. д-р Дарко Гашпаровиќ еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност. Гашпаровиќ беше професор на Универзитетот во Риека, а минатата година ја доби светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот.
Со оваа награда тој се вброи во редот на врвните светски претставници на хуманистичката мисла кои ја добија оваа висока и престижна награда меѓу кои се и Солжењицин, Рави Шанкар, нобеловката Херта Милер и други.
По повод добивањето на ова високо признание, Издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата „Писмото низ вековите” од Дарко Гашпаровиќ во која тој прави пресек и се осврнува на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум.
Гашпаровиќ во овој научен труд се осврнува и задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни погледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар - Коле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други.
Непосредно пред смртта излезе од печат книгата со есеи „Златно руно“ од Дарко Гашпаровиќ, кој беше член на Хрватското друштво на писателите и еден од водечките хрватски мислители и интелектуалци. Тој посебно се занимаваше со хрватско-македонските културни односи и врски.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција