Завеани возила на автопатот Белград - Ниш, Жандармеријата излезе на помош
Сообраќајот на автопатот Белград - Ниш е запрен во двата правци кај обиколницата Трупале, и во колоната се заробени повеќе автобуси, камиони и патнички автомобили.
Во возилата има и деца, а во верижен судар кој се случил кај Казнено-поправниот дом се повредени 17 лица, од кои 6 деца.
Според податоците од српската Метеролошка станица, во Ниш моментално температурата е -8 степени, а висината на снежната покривка 16 сантиметри.
Поради настанатата ситуација дури 50 припадници на нишкиот одред на Жандармеријата се упатени на местото каде утрово се случи верижниот судар со оглед дека таму во колона на автопатот се завеани десетици возила.
Снегот и наносите на одделни локални патишта изнесува и до 2 метри во висина, поради што сообраќајот е отежнат.
Екипите на зимските служби се на терен, но се немоќни во борбата со ветрот. На одделни делници нови наноси се формираат веќе половина час по чистењето.
Ново на Сител
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама