Балкан
5. January 2017 - 15:33

Доживотен затвор за двајца високи офицери од турската армија поради обидот за пуч

Суд во источна Турција осуди двајца поранешни високи офицери на доживотен затвор во врска со неуспешниот обид за преврат во јули минатата година.

Суд во Ерзурум денеска ги осудил поранешниот полковник Мурат Коџак и поранешниот мајор Мурат Јилмаз за обид „да го уништат уставниот ред“ во Турција.

Двајцата биле на дежурство во жандармеријата во Ерзурум за време на пучот на 15 јули. Двајцата осудени ги отфрлија обвиненијата.