Пробиштип прави нови детални урбанистички планови за Пониква и Лесново

Општина Пробиштип годинава очекува средства од продажбата на парцелите за изградба на викенд куќи и хотели на планината Пониква и во селото Лесново каде што се наоѓа познатиот Лесновски манастир.
Според градоначалникот Тони Тоневски, на почетокот на годинава Општинскиот совет треба да го донесе новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Пониква, на површина од 40 хектари.
- Со овој ДУП ќе бидат обезбедени нови локации за викенд куќи, но ќе има и локации за деловни простории, одмаралишта, ресторани, хотели и други објекти за кои има потреба еден ваков туристички локалитет. Исто така и во Лесново работиме на детален урбанистички план на површина од околу 50 хектари. И таму има објекти што ќе бидат за викенд куќи, за развој на туризмот, како и една маркица за изградба на хотел, истакна денеска Тоневски.
За подобра промоција на туристичките капацитети и локации на територијата на Општина Пробиштип е изработен Туристички водич, кој, како што нагласи градоначалникот, е стратегиски документ. Годинава интензивно ќе се работи на промоција на туризмот за да се привлечат гости од земјава и од странство.
- Општина Пробиштип има голем потенцијал за развој на туризмот и со Пониква и со Лесново и со други прекрасни и живописни делови на Осоговската планина, Раткова скала, Кундиско езеро,... Се што имаме на територија на Општината можеме да го промовираме преку Туристичкиот водич, но многу е важно да се прави планска документација за инфраструктурата за стимулирање на развојот на туризмот, нагласува Тоневски.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
