Жири комисиите на ДПМ почнаа со работа, за годишните награди пристигнати 83 дела

Жири комисиите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за доделување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2016 година, ја почнаа својата работа.
На конкурсот за годишните награди на ДПМ пристигнаа 83 дела од сите жанрови. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Резултатите ќе бидат познати до крајот на јануари, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари, на свеченоста по повод големиот јубулеј: 70 години од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, научни работници, критичари и есеисти. Членови на жири комисиите се: Виолета Танчева Златева, Венко Андоновски, Блаже Минески, Ресул Шабани, Маја Јакимовска Тошиќ, Ефтим Клетников, Иван Чаповски, Наташа Аврамовска, Василе Димески, Јусуф Едип, Мишел Павловски, Делвина Керлуку, Стојан Тарапуза, Христо Петрески и Јовица Илиќ, соопшти ДПМ.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
