Студентите донираа 820 новогодишни пакетчиња во хуманитарни цели
Македонската медицинска студентска асоцијација, во соработка со Студентскиот Парламент на УКИМ, денеска донираа 820 новогодишни пакетчиња во хуманитарни цели.
Пакетчињата беа донирани на Детската клиника, Клиниката за Инфективни болести, Клиниката за детска хирургија, ЦСИ „Надеж “, „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ - Скопје, Паралелката за деца со посебни потреби во О.У. „Страшо Пинџур“, Училиште за деца со посебни потреби ДСУ „Партение Зографски“ , О.У. „Златен Сремац“, Дом за деца без родители „11 Октомври“, „СОС Детско Село“- Скопје и на семејства од социјално ранливи категории.
Како што се наведува во соопштението на СПУКИМ, волонтери во текот на една седмица, по шест часа дневно на штандови пред маркетите собираа донации од граѓаните.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети