-->
-->
Еуробаскет 2015: Одработен и вториот тренинг во Арена
-->

Македонските кошаркари го одработија вториот (утринскиот) тренинг во загрепска Арена, каде в сабота ќе го започнат својот настап на 39-тото Европско првенство.
Македонија е во Ц групата, а противници редоследно ќе ги има Грција, Холанија, домаќинот Хрватска , Грузија и Словенија.
Селекторот Марјан Србиновски ја потенцира позитивната атмосвера во редовите на „црвено-жолтите„ истакнувајќи дека неговите избраници се високо мотивирани, да се борат за националниот дрес.
- Играчите со нетрпение го очекуваат почетокот на ЕП. За нив ова натпреварување е голем предизвик и мотив, почнувајќи од утрешниот дуел со Грците. Очекувам да се покажеме во вистинско светло, да одиграме најдобро што можеме со борбеност и мотивираност на секој меч. Да изгледаме како тим и да изгинеме до последен атом енергија. А, каков епилог ќе донесе нашата игра, ќе видиме...“, изјави Србиновски.
Улогата на фаворит ја имаат нашите Јужни соседи, а Македонија секогаш знаела да одигра најдобро токму кога била во улога на „аутсајдер„.
- Фаворитската улога им ја препуштаме ним, а ние ќе се бориме и ќе сториме се за на крајот да ја израдуваме публиката, не само оние кои ќе бидат овде туку и сите во Македонија, додава селекторот Србиновски.
Македонија го отвора шампионатот утре со дуелот против Грција од 18 часот, кој ќе биде емитуван на фреквенцијата на ТВ СИТЕЛ, додека дуелите Холандија – Грузија (15 часот) и Хрватска – Словенија (21) на фреквенцијата на Сител 3.
Од Загреб, Игор Трпески
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
