Во САД нема истрага за евентуална вмешаност на Ѓулен во убиството на рускиот амбасадор

Американските судски органи не водат никаква истрага во врска со изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за поврзаност на убиецот на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, со организацијата на опозиционерот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, изјави за ТАСС висок службеник на американскиот Стејт департмент.
- Тоа е трагедија и нејзините околности заедно ги истражуваат Русија и Турција. Тоа е единствената истрага за ова убиство што мене ми е позната. Тука во САД нема истрага и не би било умесно да се спроведува, изјави претставникот на Стејт департментот.
Дипломатот додаде дека ги видел коментарите на претседателот Ердоган за потенцијалната улога на влијанието на ѓуленистите врз убиецот.
- Јас не можам да зборувам за тоа, бидејќи ние (САЩ) не сме страна во истрагата и немаме пристап до информациите, што ги собираат иследниците, рече тој.
Американскиот претставник категорично ги демантира тврдењата дека САД на некаков начин би можеле да знаат за плановите за нападот врз рускиот амбасадор во Турција.
- Ние јасно кажавме дека се апсурдни и неточни сите претпоставки за тоа дека САД на некаков начин биле вовлечени во планот или заговорот за убиство на рускиот амбасадор или дека го заострувале овој план или заговор, изјави претставникот на Стејт департментот.
Според него, има само една истрага за ова убиство, што се води од страна на Русија и Турција.
Ново на Сител
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
