Министрите на Трамп се побогати од третина од сите семејства во Америка
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одреди 17 лица кои ќе ја сочинуваат неговата Влада.
Вкупното богатство со кое располагаат овие 17 луѓе изнесува 9,5 милијарди долари, но треба да се земе предвид дека кабинетот се уште не е пополнет.
Нивното заедничко богатство е поголемо од целиот „имот“ на 43 милиони најсиромашни американски домаќинства заедно, освен тоа, вредноста се совпаѓа со една третина од сопственоста на 126 милиони домаќинства, колку што се вкупно во САД.
Богатство во такви размери е преседан во историјата кога станува збор за претседателскиот кабинет.
Доколку се земат предвид околу 120.000 домаќинства со просечна нето-вредност на имотот од околу 83.200 долари, тоа би одговарало на заедничкото богатство на четворицата најбогати членови на кабинетот на Трамп - Бетси Девос, Влибур Рос помладиот, Линде Мекмахон и Рекс Тилерсон.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир