Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров
Поради закажани технички зафати во системот утре без струја ќе бидат делови од општина Центар, Ѓорче петров, Кисела Вода и Аеродром, соопшти РЦУК.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 9 до 12 часот ќе има на дел од улиците „Васил Ѓоргов“, „Водњанска“, „Бел Камен“ и „Козара“ од општина Центар, од 8:30 до 11:30 часот дел од улиците „Питу Гули“ и „Капиштец“ во општина Центар, а од 9 до 14 часот улиците 20, 22 и 24 во село Волково, општина Ѓорче Перов.
Без струја од 10 до 12 часот ќе бидат делови од улицата „Иван Козар“, фирмите кај Тутунски Комбинат и дел од истата улица кај старата рампа и улицата „Улоф Палме“ во општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот дел од улиците „Маџир Маало“ и „Петричка“ во општина Центар, од 12 до 15 часот дел од улиците „Бошко Буха“ и „Ернест Телман“ во општина Аеродром и 9 до 10 часот улицата „Владимир Назор“ бр. 4 во општина Центар.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб