Педесет и седум новинари убиени во светот во 2016 година
Педесет и седум новинари загинале во 2016 година при извршување на своите професионални задачи, соопшти денеска невладината организација Репортери без граници во годишниот извештај.
Педесет и три од нив биле жртви на убиства со предумисла.
Новинарите загинале претежно во зоните на вооружените конфликти. На прво место е Сирија, каде животот го загубиле 19 новинари (во 2015 година во земјата имало девет жртви меѓу новинарите). Потоа следува Авганистан со десет жртви, Мексико со девет, Ирак со седум и Јемен со пет.
Првпат на својата листа Репортери без граници ги вклучува и непрофесионалните новинари - деветмина блогери и осуммина претставници на други професии, кои им доставувале инфомации на средствата за масовни комуникации и за тоа платиле со своите животи. Досега тие влегуваа во други категории.
Оваа година се покажа како помалку смртоносна за новинарите од претходната 2015 година, кога загинаа 67 новинари. Ова намалување е поврзано со фактот дека новинарите се повеќе ги избегнуваат најопасните земји како Сирија, Ирак, Либија, Јемен, Авганистан, Бангладеш и Бурунди.
- Тоа што повеќето од загинатите се убиени со предумисла, зборува не само за загрижувачкото ниво на насилство, насочено против новинарите, туку е и доказ за несупехот на меѓународните иницијативи за заштита на медиумските работници, нагласуваат Репортери без граници.
Интерсен случај е Мексико, земја во која нема воен конфликт, но таа е особено смртоносна за новинарите поради високото ниво на органзиран криминал, со кој властите не можат да се справат.
Репортери без граници посочува дека во изминатите десет години во целиот свет се убиени околу 780 новинари.
Ново на Сител
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-
На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра
-
Малолетно девојче нападното со нож од поранешното момче од Грчец
-
Крива Паланка платила 25.000 евра за настапот на Северина, Розга добила 42.000 евра за настапи во Берово и Штип