Продолжува изградбата на велосипедски патеки во Скопје

Продолжуваат градежните активности во рамки на мега проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки „Скопје велоград 2017“.
Како што информира Град Скопје, екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на овој проект.
Деновиве интензивно се работи на изградба на велосипедските патеки од Рута 2 од „Скопје велоград 2017“, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.
Рутата 2 е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот „Партизански одреди“ до Порта Влае.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
