Маријана и Росана со емотивни пораки си честитаа роденден!

Најпознатите близначки меѓу пејачките и најдобрите пејачки меѓу близначките нашите Маријана и Росана вчера славеа роденден. За жал, сестрите, со оглед на фактот дека Маријана долги години живее во Австралија, се разделени и својот роденден го слават на далечина и само преку Фејсбук, Скајп, телефон... Така беше и вчера во текот на целиот ден "фрштеа" емотивни пораки на нивните Фејсбук-профили, а падна и едно емотивно (утринско) видео кое го спакувала Маријана.
- Сестро моја најмила, душо моја... со оглед на временската разлика тебе веќе ти е роденден... а мене уште малку... после толго години иако не научив да живеам без тебе ти знаеш дека целата среќа на овој свет ти ја посакувам... иако со солзи во очите... ти велам СРЕЌЕН, НАЈСРЕЌЕН нека ти е... Те сакам до небооооо сестричке моја најмила...", е статусот кој Росана и го посвети на сестра си.
Маријана, пак, решила да биде покреативна и да ја фати сестра си на спиење, се разбира, поради временската разлика, па уште во раните утрински часови станала, се стокмила и снимила емотивно видео.

- Добро утро на сите во Македонија. Кај нас е 8.25 сабајле, како што гледате нашминката сум, средена како никогаш досега зашто МИ т.е. НИ е роденден. Среќен роденден на сестра ми Росана која се уште спие, се надевам дека ќе ја прати среќа доживотна и дека ќе биде весела и здрава", вели во својата порака Маријана и уште признава дека Росана е таа која секоја година победува и прва го честита роденденот.
"Овој пат јас како помлада имам среќа да ја разбудам и да и кажам среќен роденден. Не се многу години, уште една па пола век. Ти посакувам уште пола век, не повеќе оти после тоа е многу потешко", и посака Маријана на сестра си и во видеото уште и порача дека сите се добри, иако малку настинати и се "клукаат" со таблетки. Автор на видеопораката е нејзиниот сегашен партнер Крег, единствениот кој не спиел во тој момент во куќата.
Дека Росана не остана имуна на изненадувањето доволно зборуваат емотивните пораки кои во текот на целиот ден ги оставаше на својот профил, како и малиот колаж од нивните најголеми хитови со кои на сите свои пријатели, секако, судејќи по нивните реакции и коментари, им го разубави денот.
Епа нека ви е среќен роденденот, а на следниот, јубилеен, заедно да дувате свеќички!
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
