Македонија
2. September 2015 - 15:30

АМСМ: Измена на термините за времен сообраќаен режим на обиколницата

Авто мото сојузот на Македонија попаднево соопшти дека има измена во термините кога ќе се спроведува временскиот режим на сообраќај на обиколницата кај Скопје заради снимање на филм.

- Ве известуваме дека има измена во временските периоди (термини) кога ќе се спроведува времениот режим на сообраќај и за точните временски периоди ќе ве известиме веднаш по приемот на нова информација. Во меѓувреме ги молиме медиумите да не ја проследуваат претходната информација која е неточна, се наведува во соопштението.