-->
-->
Курц: Многу сум среќен што Македонија организираше фер избори
-->

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој денеска со својот унгарски и словенечки колега, Пеетер Сијарто и Карл Ерјавец, во Брисел организираше работен појадок на Советот на ЕУ со македонскиот министер Никола Попоски за вчерашните избори во Македонија, во изјава за МИА по состанокот не го криеше задоволството во име на официјален Брисел за успешно спроведените парламентарни избори.
Според Курц, сега е време победниците на изборите во брз рок да формираат стабилна Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Многу сум среќен дека по еден многу тежок временски период, Македонија можеше да организира фер избори. Сега мислам дека е потребно да се направи обид да се формира стабилна Влада што е можно поскоро, изјави Курц за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале